Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанствo, Љупчо Николовски, вечерва во гостувањето на ТВ Шења рече дека граѓаните се уморни од политика и дека за нив поважни се рационални теми.
Тој истакна дека земјоделците се тие кои се најпогодени од блокадите на законите во Собранието.
„Апсолутно, за тоа велам граѓаните се уморни од дневно политичко прекопувања, блокади, судири токму на нерационални теми без разум. И затоа велам не знам кај е разумот земјоделецот денеска ги чека субвенциите, тутунарите, сточарите и земјоделците ги чекаат субвенциите и парите кои што ги има во буџетот и кои што решенијата се готови и платежната агенција не може да ги исплати заради оваа промена во Собранието“, рече Николовски.
Тој изрази надеж дека опозицијата ќе има разум и разбирање за потребите на земјоделците.