Николовски за сомневањата за увоз на токсични нафтени деривати: Нема компромиси и отстапки кога станува збор за здравјето на граѓаните!

На предлог од страна на Кабинетот на вицепремиерот за борба против корупција и криминал Љупчо Николовски денеска, на владината седница, беа побарани брзи, темелни и детални проверки на сите информации кои произлегоа од сторијата на Истражувачката репортерска лабораторија – ИРЛ (Investigative Reporting Lab Macedonia) за постоење сомневања за увоз на токсични нафтени деривати опасни по здравјето на животната средина.
„Нема компромиси и отстапки кога станува збор за здравјето на граѓаните!“ – порача Николовски по владината седница појаснувајки дека како одговор на нивното барање, Владата ги донесе следните задолженија за институциите, согласно нивните надлежности:
🚩 Царинска управа – да спроведе внатрешна контрола, да испита колкави количини нафта и нафтени деривати се увезени од 2018 до 2020 година, под која царинска шифра е извршен увозот и дали податоците на декларациите се соодветни со увезениот дериват
🚩 Државен пазарен инспекторат – во соработка со Бирото за стандардизација и метрологија, со помош на акредитираната мобилна лабораторија за проверка на квалитетот на нафтените деривати да спроведе итен инспекциски надзор во компаниите увозници и компаниите корисници на вакви горива
🚩 Државен инспекторат за животна средина – да спроведе вонреден инспекциски надзор во компаниите увозници и корисниви на мазут и други нафтени деривати
🚩 Министерство за економија – да достави информација што конкретно се испитува при увоз, согласно Правилникот за квалитет на течни горива и дали одредбите се согласно европските стандарди
Владата наложи институциите да ги направат контролите веднаш, а рокот за достава на информациите е 14 дена.
Редовно ќе ја информираме јавноста за сите нови информации поврзани со увозот на нафтени деривати, за кои беа изнесени сомневања, информираше вицепремиерот Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e