Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски посочи дека координацијата помеѓу задолжените институции продолжува.
Заштитата на здравјето на граѓаните и животната средина бара целосна посветеност, решителност и одговорност, истакна Николовски.
„На попладневниот работен состанок на кој присуствуваа претставници од институциите задолжени од Владата да постапат и целосно да го испитаат случајот поврзан со сомневањата за увоз на нафтени деривати опасни по здравјето на граѓаните и животната средина се презентираа досегашните постапувања по владините задолженија и идните предвидени активности.
Институционалните дејствувања продолжуваат до крајот на истекот на рокот, 14 дена од добиеното задолжение. Граѓаните имаат право на здравa животна средина, а наша обврска е да обезбедиме услови за остварување на тоа право!“, потенцираше Николовски.

