Николовски: За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, ние не калкулираме и по ниту една цена нема да отстапиме од определбата за 100 проценти безбедна кампања!

Генералниот секретар на СДСМ и носител на ИЕ 3, Љупчо Николовски, преку објава на својот Фејсбук профил запраша што треба да се случи за да опозицијата сфати дека здравствената ситуација не е шега и дека со започнувањето предвремена кампања, а притоа непочитувајќи ги протоколите, покажуваат сериозна неодговорност и лажна грижа за здравјето на граѓаните.

“Што треба да се случи за да разберат дека ситуацијата не е за шега? Како можат луѓе кои претендираат да водат држава да се така неодговорни?

Почнаа предвремена кампања со јавни собири на кои не се држи дистанца и не се носат заштитни маски, а Мицкоски се ракува со сите.

Тоа е тој Мицкоски. Лажна грижа за здравјето на граѓаните, лажна грижа за нивната иднина, лажна грижа за просперитетот на државата.

Единственa вистинска работа е неговата желба за лични привилегии и задоволства. Да посетува тератани кога не смее, да седи по кафеани во затворен дел, кога тоа беше забрането за сите!

Кога не се грижат за здравјето на граѓаните, што останува за сè друго?

Наќе Чулев не ги спроведе мерките, а со изјавата дека нема да казнува поттикна масовно прекршување на мерките и забраните и директно и наштети на државната стратегија за справување со вирусот.

Во такви луѓе ли да веруваме? Што напладне глумат загриженост за јавното здравје, а попладне истото го загрозуваат со кршење на мерките и забраните?

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, ние не калкулираме и по ниту една цена нема да отстапиме од определбата за 100 проценти безбедна кампања!

За претстојната кампања која почнува утре, СДСМ подготви здравствени протоколи кои ќе гарантираат безбедна кампања за здравјето на граѓаните.

Сите присутни на јавен настан или состанок организиран од СДСМ мора да носат заштитна маска и да одржуваат растојание од 2 метри.

Групирањето е забрането, а бројот на присутни на јавни настани и средби ќе биде со строга контрола, со најмногу 50 лица на јавна локација и 30 во затворен простор, со задолжителна физичка дистанца.

Кампањата ќе биде без митинзи и без активности од „врата до врата“.

Ова е јасна разлика помеѓу вистинска грижа за здравјето на граѓаните од страна на СДСМ и свесното загрозување на граѓаните од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски” – истакна Николовски.

ФБ статус на Љупчо Николовски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e