-Воведуваме нови реформи во земјоделство. За прв пат развиваме Програма за финансирање на мали производители на храна. Програмата се однесува за помош и поддршка за развој на семејни земјоделски стопанства кои преку сопствена идеја и план своето производство го продаваат по принципот продажба од куќен праг и фарма, порача денеска Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски во гостување во “Македонија наутро” на МРТВ.
-Со грантови од 10.000 евра ги помагаме, поддржуваме и поттикнуваме сите производители на месни и млечни производи како и други преработки од овошје и зеленчук, да се регистрираат во АХВ и да развијат свој препознатлив бренд, додава Николовски.
Како што рече министерот, со ова се очекува над 2.000 мали семејни земјоделски стопанства да се развијат во нови брендови на македонскиот пазар по примерот на малите семејни винарии.
-Мерката зелена нафта е уште една мерка која ја креиравме за поддршка на земјоделците и која даде резултат. Оваа година сите земјоделци добиваат 50% поддршка за зелена нафта, а со законските измени кои ги направивме овозможивме оваа поддршка да достигне до 100%. АФПЗРР веќе започна со распределбата на новите картички за зелена нафта, кои ќе бидат доставени до над 49.807 земјоделци. Како министерство посветено креираме мерки и политики преку кои ги поддржуваме земјоделците, ги намалуваме нивните трошоци за производство и ги мотивираме да остварат поголем принос, вели Николовски.
