Николовски за инвестициите во здравството: Соочени со најголемиот здравствен предизвик не застанавме да работиме

За само три години, Владата предводена од СДСМ, преку вложувања во сите сегменти – инфраструктура, опрема, терапија, персонал овозможи функционално и квалитетно здравство за сите, порачаа денес од СДСМ.

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, во објава на својот ФБ профил, се осврна на инфрастуктурните зафати и проекти во здравствениот систем:

 Подобрени се условите во 30 јавно-здравствени установи
 Струмица доби нова општа болница по 33 години
 Отворен е нов ургентен центар во Куманово
 Обновени се службите за итна медицинска помош во Битола и Велес
 По 50 години целосно се реновира Институтот за трансфузиона медицина
 Завршена е првата фаза на реконструкција на стара Градска болница во Скопје
 Поставена монтажна болница до Инфективната клиника во Скопје 

Корона-кризата уште еднаш потврди дека здравствениот систем е еден од клучните столбови на државата. Продолжуваме да вложуваме во здравството, за да обезбедиме негова стабилност и одржливост. Соочени со најголемиот здравствен предизвик не застанавме да работиме. Можеме уште повеќе и уште подобро! – порача Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e