На финишот од оваа година, премиерот Зоран Заев ги соопшти активностите од „Акција 21“, односно 10-те главни приоритети на Владата за 2021, истакна вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.
„Борбата против корупцијата и зголемувањето на транспарентноста и отчетноста на функционерите се ставени како едни од врвните цели. Ова заедно со спроведувањето на мерките против ковид-19 и конечното организирање и спроведување нов попис ќе бидат и точки во кои ќе сум директно вклучен и каде ќе ја вложам мојата енергија за постигнување резултати.
Целта е да го кренеме нивото на очекувања од нас самите, да постигнеме европски стандарди дома.
Приоритетите на Владата се следниве:
1. Прочистување на правосудството (паралелно со ЕУ мониторингот на судските предмети за висока корупција)
2. Борба против корупција (зголемување на транспарентноста и отчетноста на локалната власт)
3. Заштита на природата (Осоговски планини, Шар планина, Студенчишко блато)
4. Мерки против ковид-19
5. Канабис
6. Енергетика
7. Инфраструктура
8. Попис
9. Борба против дезинформациите
10. Нови економски потенцијали“, посочи Николовски.