Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски преку социјалните мрежи со емотивен статус се потсети на крвавиот четврток.
Николовски беше меѓу повредените пратеници.
„Помина една година откако кулминираше теророт кој го вршеше насилната и криминална власт на ВМРО-ДПМНЕ. Бевме сведоци на државен удар и обид за убиство на пратениците во парламентот и лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Тоа што се случи пред точно една година беше обид да се урне државата и да се прегазат основните човечки права. Македонија беше на колена. Но, секој голем пад е можност да почнеме одново, да се исправиме, и да тргнеме по вистинскиот пат. Пред една година одлучно започнавме процес на повторно градење на државата и враќање на вербата кај граѓаните. Започнавме да градиме општество во кое насилството ќе биде силно казнето, каде граѓаните ќе се чуствуваат безбедно а институциите ќе ги штитат и работат за нив.
Ова зло никогаш да не се повтори.
27.04.2017“ – напиша министерот на Фејсбук“