Излегуваме во пресрет на барањата од ветеринарите, за 20% ја зголемуваме поддршката кон овластените ветеринарни друштва за услугите од јавен интерес, соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Тој рече дека заеднички преку разговори со ветеринарната комора и АХВ успеале да дојдат до ова решение.
-На денешната владина седница се донесе Одлука за изменување на висината на надоместоците за спроведување на активности од јавен интерес во областа на здравственста заштита на животните. Ова е досега најголемо зголемување кое ќе биде реализирано преку Буџетот на АХВ. Донесувањето на оваа одлука придонесува во поголема превенција, контрола и навремено спречување од ширење на болести кај животните, информираше Николовски на својот фејсбук профил.
