Денеска на моја иницијатива одржавме работен состанок со преставници на Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата заедно со министерот за правда, Бојан Маричиќ, истакна вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.
„Разговравме за Планот за борба против корупција, ги слушнавме предлозите и идеите на невладниот сектор. Нашата цел е заедно да креираме ефикасни мерки кои ќе придонесат во спречување на корупцијата и ќе ја вратат довербата на граѓаните во институците.
Разговаравме за клучните приоритети во целиот процес, се предложија повеќе идеи на кои заеднички ќе работиме во следниот период.
Политичка волја има, на иста страна сме, време е за промени, само заеднички можеме да придонесеме кон создавање на функционален систем ослободен од корупција“, посочи Николовски.