Денеска вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски заедно со професорката д-р Мирјана Борота Поповска од Институтот за социолошки политичко-правни истражувања при УКИМ ја спроведоа петтата по ред обука за практична примена на одредбите од Кодексот за етичко однесување, којашто овој пат ги опфати директорите и замениците директори на органите во состав на министерствата (директори и заменици директори на државни инспекторати, управи и бироа).
-Во изминатиот период обуки за примена на Етичкиот кодекс се спроведоа на околу 113 носители на јавни функции ,министри, заменици министри, државни секретари, национални координатори, потпаролите на Владата на РСМ и директорите на органите во состав на министерствата). Обуките ги спроведуваме со експертска помош од нашиот стратешки партнер – УСАИД. Само со доследно придржување до Кодексот за етичко однесување ќе го зајакнеме интегритетот на институциите и ќе ја зголемиме довербата на граѓаните. Примената на Кодексот е гаранција за граѓаните дека носителите на јавните функции се придржуваат кон принципите на добро однесување, на највисоко политичко ниво, посочува Николовски.
-Очекувам дека овој состав на Владата ќе биде пример за правилно имплементирање на етичките вредности во извршувањето на функциите. Воведуваме европски страндарди дома, градиме правна држава со функционални институции, дециден е вицепремиерот Николовски.