Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, денеска во рамки на официјалната посета на Виена, во Канцеларијата на Обединетите нации за борба против дрога и криминал (UNODC), одржа работен состанок и со Џон Брандолино, директор на одделот за договори на (UNODC), и неговиот тим на експерти во областа на антикорупцијата.
-На нашата агенда се најдоа повеќе теми меѓу кои засилувањето на граничната контрола, огненото оружје, имплементацијата на одредбите од договорното писмо кое беше потпишано со нашите власти во 2020 г., како и имплементацијата на одредбите од Конвенција на Обединетите нации против транснационален организиран криминал и Конвенција на Обединетите нации против корупцијата, информираше вицепремиерот Николовски.
