Николовски во Валандово: Голема заинтересираност за мерките од младите земјоделци

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска беше во посета на Вааландово.

-Секогаш ми претставува големо задоволство кога гледам млади луѓе, земјоделци, ентузијасти, кои вредно работат и тука ја гледаат својата иднина. Денеска ги посетив Душко и Ристе од Валандово, производители на сок од калинка, намаз од маслинки, ракија од калинка и јапонско јаболко.Овие двајца млади земјоделци се добитници на грант во вредност од 20.000 евра, со што си го модернизираат производството и започнуваат сопствена линија на органски производи од калинка и маслинка, KUVET, сподели министерот Николовски на социјалните мрежи.
-Подршката која ја даваме на младите земјоделци, 20.000 евра за поттикнување на земјоделското производство, и 10.000 евра како мотивација да започнат свој бизнис во земјоделскиот сектор е значајна, потестува Николовски.
Тој рече дека особено го радува фактот што заинтересираноста за мерките кои ги нуди надлежното министерство е огромна, а вкупната финансиска поддршка за исплатени грантови е 112 милиони денари.

-Ги повикувам сите млади да аплицираат и да ја искористат помошта која ја нудиме, да допринесуваат за развој на земјоделството тука, во својата држава, рече Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e