НИКОЛОВСКИ ВО ТИКВЕШИЈАТА: Закројуваме винова лоза за среќа, за богат и квалитетен род, за уште една добра винска година

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска заедно со премиерот Димитар Ковачевски се во Тиквешијата по повод денешниот празник Свети Трифун.

44-Нема лозар кој денеска не е во лозјето, со света вода и вино, повикувајќи го Св.Трифун да ги благослови лозите, за и оваа година да дадат богат род. Традиционално, сме во Тиквешијата, нашата македонска Тоскана закројуваме винова лоза за среќа, за богат и квалитетен род, за уште една добра винска година, порача Николовски оттаму.
-Ние сме винска земја, која успешно се избори за своето место на светската винска мапа. Денес, во Регистарот на производители на вино се запишани нови 95 мали винарии, денес имаме рекордни 123 регистрирани мали винарии од вкупно 164 регистрирани винарски визби. Тоа е огромен успех! Покажавме како се работи искрено и партнерски, а со успехот кој заеднички го постигнавме испишавме нова историја во винскиот сектор, вели министерот.

22Тој уште еднаш упати честитки по повод празникот.

-Нека е за многу години св Трифун, и како што вели нашата традиција кога се закројуваат лозјата се испраќа следниов благослов: Господе, ти давам едно шише со вино, за илјада да ни подариш!

55

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e