Николовски во Тетово: Ја надминавме бројката од 40.000 ажурирани членови на СДСМ

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски вечерва е меѓу членовите на СДСМ во Тетово, заедно со пратеничката Фаница Николовска.

3
„Вечерва заедно со пратеничката од редовите на СДСМ, Фаница Николовска и раководството на ОО СДСМ Тетово, одржавме работен состанок во рамки на мојата агенда за следење на процесот за ажурирање на членството. СДСМ како отчетна и транспарентна партија продолжува во својата модернизација и демократизација. Воведовме систем на работа и дисциплина. Систем преку кој партијата постојано напредува и победува“, рече Николовски по средбата.

2
„Ја надминавме бројката од 40.000 ажурирани членови и сведоци сме дека социјалдемократсткото семејство расте од ден во ден.Продолжуваме со уште позасилено темпо. Амбициозно, чесно и вредно. Заедно градиме иднина за сите!“ – порача генералниот секретар на СДСМ.

1

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e