Николовски во СОС Детско село: Децата се нашата иднина, секое од нив заслужува среќно и исполнето детство

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски со дел од кабинетот, денеска ги посетија децата сместени во СОС Детското село. Во рамки на посетата, вработените од СОС Детското село го запознаа министерот Николовски со принципот на заштита и грижа за децата кои ја загубиле, или се изложени на ризик да ја загубат родителската грижа.

50735947_953482138373043_4521028510168383488_n

50589127_245692239689397_1787574871882989568_n

51112578_318757828754748_8355241485704101888_n

„Децата се нашата иднина, секое од нив заслужува среќно и исполнето детство, еднакви услови за раст и развој. Многу ми е драго што и јас, и останатите претставници од нашето министерство имаме можност да дадеме скромен придонес и да им го разубавиме секојдневието на децата од СОС Детско село“, порача Николовски.

50775344_537200453356193_2803041548818710528_n

МЗШВ веќе има ангажирано дете кое е пораснато во СОС Детско село и е студент на Шумарскиот факултет. Министерството и во иднина ќе остане отворено, грижејќи се и нудејќи можности за децата во згрижувачките домови и семејства.

50513915_386032085540154_7964505105078681600_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e