Николовски во посета на живинарска фарма во Зрзе

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска беше во посета сум на живинарската фарма во Зрзе, кај Христијан и Михаил Шемкоски.

Радува фактот што овие двајца браќа, ја препознале можноста за напредок во својот крај, инвестирајќи во сопствена фарма со 150 кокошки кои несат по 80 јајца дневно, рече Николовски.

„За поддршка во време на криза за овој сектор предвидуваме нова мерка каде го зголемуваме износот од 80 на 125 денари по несилка заклана во регистриран кланичен капацитет, како и 60 денари интервентна субвенција по несилка која се наоѓа на одгледувалиштето и е на возраст за производство на конзумни јајца.
Наидов на голема заинтересираност и поддршка од нивна страна. Инвестираме и креираме мерки за развој на живинарството, како основна дејност за производство на храна“, посочи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e