Вицепремиерот за борба против криминал и корупција, за човеќки ресурси и одржлив развој Љупчо Николовски денеска, заедно со домаќинот, министерот Оливер Спасовски, беа во работна посета на Специјалната единица „Тигар“ , по повод неодамнешното одбележување на 40-годишнината од формирањето.

-Специјалната единица „Тигар“ е нашата најсовремена професионална формација, обучена и подготвена за секој предизвик. Нејзините припадници секојдневно даваат придонес за македонската национална безбедност, за борба против високиот криминал, против тероризмот и екстремизмот. Она што радува е мотивираноста и професионализмот на сите нејзини припадници, рече Николовски.

-Политиките на оваа Влада допринесоа значително да се подобрат условите за беспрекорно функционирање на Специјалната единица „Тигар“. Дополнително подобрување ќе биде постигнато со тековната преадаптација и реконструкција на уште еден објект, локациски сместен во Касарната „Илинден“, кој со Одлука на Владата е преземен од Министерството за одбрана, посочи вицепремиерот Николовски.
Од страна на командатот на единицата „Тигар“ на вицепремиерот Николовски му беше врачена плакета.
„Особено ми значи плакетата. Ја имате моја поддршка за се’ што работите. Ви благодарам!“ – им порача Николовски на припадниците на „тигрите“.
