Николовски во посета на неколку компании во Кр. Паланка: Продолжуваат субвенциите за придонеси за сите компании што ќе ги зголемат платите од 600 до 6.000 денари по вработен

Секогаш е добро кога директно од терен ќе ги добиеш информациите, дека мерките и поддршката на бизнис секторот даваат резултат, истакна генералниот секретар на СДСМ и носител во ИЕ 3, Љупчо Николовски.

„Денеска посетив неколку компании во Крива Паланка. Разговараме за плановите за развој, за иднината.

Велат треба уште повеќе, но денес е далеку подобро, отколку пред три години.
Nikolovski88Денес, не се плашиме да бараме, не се плашиме да критикуваме, не се плашиме за своите бизниси.

Денес добиваме брзи и ефикасни мерки во услови на криза како Ковид 19. Добиваме директна помош и поддршка за нашите претпријатија.

Креираме нови работни местa преку брза трансформација на македонската економија.

Продолжуваат субвенциите за придонеси за сите компании што ќе ги зголемат платите од 600 до 6.000 денари по вработен.Nikolovski66Обезбедуваме поддршка за домашни и странски инвестиции во износ од 600 милиони евра.

Ја кренавме на нозе економијата од -1,8 на 3,6 БДП во време кога се обезбедуваше слободата во општеството и кога се решаваа клучните стратешки прашања за државата.

До крајот на мандатот ќе ја вратиме нашата економија на солиден и одржлив раст од 4 проценти.

Затоа што знаеме како, затоа што Можеме – уште повеќе, уште подобро!“, истакна Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e