Министерот за земјоделство, шумарство и водстопанство Љупчо Николовски денеска во Кочани ја посети фабриката „Антура МК“ за производство на семенски материјал за украсни цвеќиња, која што во европски рамки е позната по софистицираните производствени технологии во областа на хортикултурата.

„Целокупното производство на „Антура МК“ е наменето за извоз, со што се потврдува значењето на компанијата за промовирање на нашата држава како земја поволна за инвестирање.“ – рече Николовски по посетата.

„Странските инвеститори во областа на земјоделството ги препознаваат поволните бизнис услови за инвестирање во Република Северна Македонија и дека во нашата држава можат да имаат партнер за развој на својот бизнис.“ – додава тој.


