Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска заедно со министерот за економија Крешник Бектеши денеска беа во посета на фабриката за производство на масло за јадење “Кристал” од Велес.

-Како министерство и во време на криза, правиме сé за да го зголемиме домашното производство. Затоа носиме дополнителна нова измена во Програмата за финансиска поддршка за производителите на сончоглед, рече Николовски.

Министерот информираше дека секој производител на сончоглед за остварување на субвенциите како доказ ќе мора да приложи потврда за предадено и откупено производство во домашните преработувачки капацитети на сончоглед.
-Со оваа мерка го зајакнуваме планираното годишно производство помеѓу земјоделците одгледувачи на сончоглед и преработувачите,а воедно го поттикнуваме договорното производство кое како модел е се поприсутно во земјоделството, вели Николовски.
