Николовски во посета на единствената компанија во регионот која произведува високо квалитетно ладно цедено масло од афион

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска е во посета на компанијата Био Оил Екслузивни масла за јадење / Bio Oil Exclusive edible oils која е синоним за успех и младешки ентузијазам. -Александар и Кристијан се моите домаќини, млади луѓе полни со идеи и голема визија за македонското земјоделство и домашното производство. Нивната предност е во тоа што се уникатна, и единствана компанија во регионот која произведува високо квалитетно ладно цедено масло од афион, сподели министерот.
Вели дека се визионери, а потврда е тоа што на нивна иницијатива, формирана е Алијанса во која челнуваат 14 мали компании и сите заедно се борат за подобра продажба на нивните брендови, кои ги произведуваат од откупени домашни земјоделски производи.
-Со новиот модел за субвенционирање, афионот, заедно со сончогледот и маслодајната репка како наши стратешки култури, ќе добиваат дополнителни субвенции и поддршка за зелена нафта, за три пати повеќе во однос на досегашната. Ова нека биде лајв мотив за сите земјоделци кои порано одгледувале афион, да се мотивираат и заедно да ја вратиме оваа култура на македонските полиња, порача Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e