Вицепремиерот за борба против корупција и криминал Љупчо Николовски денеска, заедно со премиерот Зоран Заев и владина делегација, беа во посета на компанијата “Брако” каде што беа презентирани новите хидрогенски возила за чистење улици и јавни површини, како и нова инвестиција во производствени погони, хали и машини во вредност од 8 милиони евра.

„Ги поддржуваме домашните компании кои и во време на глобалната пандемија, соочени со економски предизвици, инвестираат во производството и во нови технологии. Ваквите домашни фирми кои имаат традиција во производство, придонесуваат за нови работи места и за буџетот, се важни за македонската економија, особено во овој период на глобална пандемија, кога е важен секој инпут што ќе придонесе за покренување на домашната економија.“ – посочи Николовски по посетата на „Брако“.
