Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски заедно со директорот на Царинската Управа Горан Сугарески денеска беа во посета на царинската испостава Блаце каде ги презентираа новите мерки за задолжително поднесување анкетни листови и изјави за судир на интереси, со кои се опфатени и царинските службеници.

Со тоа, како што вели Николовски, се зголемува нивото на транспарентност и ја спречуваат можноста за злоупотреба на службената положба и нанесување штета врз државниот буџет.
-Царинската управа е лицето на функционирањето на системот, првата врата на нашата држава. Институција која треба да биде пример за исполнувањето закони со кои ја спречуваме корупцијата и криминалот, го штитиме македонското стопанство, ја унапредуваме меѓународната трговија и го поттикнуваме економскиот раст, вели вицепремиерот Николовски.
-Градиме општество на високи етички и морални принципи. Го прошируваме фронтот на дејствување и остануваме доследни кон нашите цели и заложби. Нема толерирање за оние кои ќе го нарушат угледот на иституциите и неодговорно ќе ја злоупотребат својата положба за личен бенефит, на штета на ѓраѓаните и државата! – дециден е Николовски.