Николовски во посета на БИМИЛК по повод светскиот ден на млекото

По повод Светскиот ден на млекото, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска присуствуваше на настан во најголемата реномирана водечка компанија во индустријата на млекото, БИМИЛК.

-Како министерство даваме силна поддршка во сточарството. Оваа година за прв пат воведовме дополнителна субвенција за квалитет на млеко.  Воведовме и интервентна субвенција во износ од 5,5 денари за кравјо млеко произведено и предадено во преработувачки капацитети. Во април исплативме 112 милиони денари субвенции на 5.664 млекопроизводители. Наскоро со ребалансот на Буџетот ќе бидат исплатени и субвенциите за 2021 година, посочи Николовски.
Тој додаде дека, дополнително, 2022 година е година на историски највисока набавка на високопедигрирани грла добиток со висок генетски потенцијал.

-Ова е голем успех за сите нас, сточниот фонд ќе се обнови со високомлечни раси. Со тоа ќе имаме зголемено производство на млеко. А токму тоа е целта! Да ги надминеме сите предизвици, да даваме силна поддршка на земјоделците, сточарите и да носиме мерки во интерес на сите, на целокупната млечна индустрија, вели министерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e