На прашањето дали се остварени разговори, има ли волја за соработка со опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се вклучи во заедничка борба против корупцијата вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски во денешното интервју за МИА вели дека високата корупција и организираниот криминал не е појава од вчера, туку е проблем кој со децении се појавува во разни форми, во некои сфери се надградил и проширил, а богами, како што вели, го има и во сите земји од светот, па и најразвиените.
-За успех во борбата против ова зло мора да има соработка и поддршка од сите. За жал, ВМРО-ДПМНЕ на секој чекор се обидува да опструира, попречува или да ја саботира испораката на правдата во разни случаи. Но еве, нека не соработуваат и нека ги одмагаат сите процеси. Јас искрено се надевам дека доколку некогаш дојдат на власт ќе продолжат да работат вака како што работиме. Потсетувам дека немаме ниту еден единствен случај на гонење или сомневање за извршен криминал во преку 10 години владеење на ВМРО-ДПМНЕ, а сега реалноста е 100 отсто спротивна, вели Николовски.
-Факт е дека се реагира на секој, макар и најмал сомнеж за корупција и криминал. Факт е дека имаме крупни случаи, крупни акции. Факт е дека имаме разрешувања на функционери кои делувале спротивно на законот и прописите. Тоа е реалност и тоа е најголемиот показател за разликата помеѓу нивното владеење и денешниот однос кон корупцијата и криминалот. Ние не се откажуваме од заложбата за соработка и ќе продолжиме да се обидуваме да градиме консензус со опозицијата за најважните државни прашања и интереси. Претседателот Зоран Заев во својата програма за реизбор во СДСМ нaведе дека еден од клучните приоритети во политичкото делување е промена на менталитетот на политичките партии во земјата и ние активно работиме кон тоа, појаснува вицепремиерот.
Целото интервју прочитајте го на следниов ЛИНК.