Николовски во месноста Равна Река: Злосторство е што во оваа раскошна природа Мицкоски направи три хидроцентрали

Генералниот секретар на СДСМ и носител во ИЕ 3 Љупчо Николовски денеска беше во месноста Равна Река каде се инвестира во Рекреативен центар на познатите Црнодолските водопади.

3

„Вистинска магија е да се биде овде, во раскошната природа на Малешевските планини, во месноста Равна Река. Да се претопиш во високата букова и борова шума, збогатена со изворите на Брегалница и 5 водопади од кои највисокиот е 14 метри. Природата навистина прави чуда!“ – рече Николовски споделувајќи фотографии од преубавата природа во овој дел на земјата.

4

„И додека ние вложуваме кај Црнодолските водопади, за да направиме вистински рекретативен центар во кој граѓаните ќе уживаат во оваа убавина, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ овде направија три хидроцентрали – ја уништија природата, го уништуваат биодиверзитетот за лично богатење. Злосторство!“ – нагласи Николовски.

22

„Затоа на 15-ти јули повторно ќе им кажеме дека се МИНАТО, а коалицијата МОЖЕМЕ продолжува напред уште повеќе и уште подобро.“ – заклучи носителот на листа во ИЕ3.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e