Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 зборуваше за скандалот со директорот на струшката болница д-р Мухамед Асани кој во неговата нерегистрирана гинеколошка ординација, со години извршувал прегледи без дозвола.
Вицепремиерот Николовски вели дека во експресен рок е поведена соодветна постапка согласно сите процедури.
„Во експресен рок донесовме решение за забрана на работа и покренавме постапка пред Основното јавно обвинителство и како и за сите други случаи согласно конексот ќе следат соодветни санкции“, посочи Николовски.
Тој испрати порака дека граѓаните мора сите овие случаи да ги пријавуваат.