Вицепремиерот за борба против криминал и корупција Љупчо Николовско денеска заедно со премиерот Зоран Заев, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството, Никица Бачовски, пратеничката Соња Михаиловска и домаќинот, градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, го означија почетокот на изградба на нов, современ градски пазар во Делчево.

„Развиени општини значат силна економија. Во таа насока се политиките на Владата, континуирано вложуваме за рамномерен регионален развој и јакнење на инфраструктурата на општинско ниво.Ова е значен проект за граѓаните на Делчево, особено што во овој наш крај земјоделските дејности се прилично застапени. Со негова реализација се создаваат современи, подобри услови како за продавачите, така и за купувачите. Современиот градски пазар ќе биде уште едно место двигател на локалната економија во Делчево.“ – рече Николовски.

Со буџетски средства и со поддршка на меѓународните финансиски институции Владата спроведува проекти конкретно насочени кон развој на општините, во интерес на граѓаните, истакна вицепремиерот.

