Николовски: ВМРО-ДПМНЕ е поразено поради алчноста, лагите, криминалното финансирање…

Вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски денеска во Собранието децидно констатираше дека опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ е поразена токму од граѓаните затоа што нема разумно раководство, нема концепт, нема решенија…
„Десет дена ВМРО-ДПМНЕ шири неосновани леги и невистини за мене. Ова ВМРО-ДПМНЕ е поразено од граѓаните и не го сака ниту сопственото членство, токму заради лагите, тукму заради невистините, заради глупостите коишто ги ширите низ јавноста.“ – истакна Николовски.
„Се додека нема ново разумно раководство, се додека нема понуда на квалитет, на концепт, се додека нeма понуда на решенија, нема спас за ВМРО ДПМНЕ и одговорност секако дека ќе има! Се додека сте алчни и продолжувате со истата ваша матрица, со истото размислување како партија која е симбол на криминал и корупција да обвинува некој друг. Како партија која криминално се финансира за што постојат кривични дела и постапки. Срамота е што имаме тука во Собранието луѓе коишто седат во оваа сала и се обвинети со правосилни пресуди, и се што прават е само да ја спречат правдата во целиот овој период. Одговорност секако ќе има, за секој што го прекршил законот.“ – порача вицепремиерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e