„Вложувајќи во земјоделството, како еден од носечките столбови за развој на еконмијата во државата, ефикасно ги искористуваме природните ресурси и вложуваме во одржливиот развој“, порача денеска вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки рерсурси, Љупчо Николовскипри посетата на новата инвестиција на компанијата ‘M6 Аграр’ .
„Денеска, ја посетивме новата инвестиција на компанијата ‘M6 Аграр’ која заедно со ВВ ‘Тиквеш’ е дел од Групацијата М6. Станува збор за инвестиција во нови 120 хектари лозови насади и набавка на современа земјоделска механизација, реализирана преку кофинансирање од ИПАРД2 програмата, во износ од 662 илјади евра.Со овие инвестиции овозможуваме модернизирање и зголемување на количините на производството, унапредување на квалитетот и подобар пласман на македонските вина, со врвен квалитет, на светскиот пазар.“, посочи Николовски.