Планот за борба против корупцијата, дел од владината рамка ‘Акција21 – европски стандарди дома’ е производ на нашата политичка волја, истакна вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.
Николовски нагласи дека планот е создаден врз основа на сите препораки и предлози од надлежните институции, како и објавен јавен Повик за доставување предлози од невладиниот сектор, независните тела и релевантни домашни и странски извештаи.
„Влегуваме во некомпромисна борба против корупцијата и криминалот, на сите нивоа. Институциите, во утврдени рокови треба да постапат по согласно утврдени задолженија. Од исклучителна важност е во целиот процес да се вклучат и придонесат сите чинители, вклучувајќи ја и локалната самоуправа за навремено исполнување на задачите од планот.
Преку сите мерки кои ги превземаме ќе покажеме дека можеме да бидеме држава во која владеат ред и дисциплина. Држава во која институциите функционираат. Чекориме напред, секој кој ќе го прекрши законот, ќе се соочи со одговорност!“, посочи Николовски.