-По повеќе децении, Клиниката за ортопедија доби соодветна реставрација на Блокот А.
Со нови двокреветни соби, инфраструктура адаптирана на потребите на пациентите кои се лекуваат и заздравуваат од оперативните зафати, со драстично подобрување на условите за работа на медицинскиот персонал, влегуваме во ерата на современо, достапно и пристапно здравство за сите. – порача денеска вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски кој присуствување на пуштањето во функција на целосно опремено реновирано крило на Клиниката за ортопедија на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ).