Владата на РСМ продолжува со активна соработка со Државната комисија за спречување на корупција преку обезбедувње поефикасна, брза и дигитализирана проверка на имотната состојба на избраните/именувани лица што е од големо значење за функционирање на целокупниот систем, истакна вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.
„На денешната владина седница ја усвоивме Информација за обезбедување буџетски средства за изработка на Регистар на избрани и именувани лица, електронско доставување на изјава за имотна состојба и интереси, нивно објавување, систем за прибирање на податоци од други институции, нивна обработка, модул за менаџирање со документи и одржување на целокупниот систем.
Со тоа уште еднаш ја демонстрираме нашата заложба за константно поддржување на Државната комисија за спречување на корупцијата во напорите за градење на нејзините технички, кадровски и други капацитети. Ова е само надоврзување на веќе постоечките напори. Во претходните години веќе го зголемивме буџетот за 60% (во годините до
2019 тој се движеше помеѓу 20 и 34 милиони денари, а во 2020 достигна до 55 милиони денари).
Со овој Регистар го олеснуваме начинот на доставување на имотната состојба и интерсите која се пополнува од страна на самото избрано/именувано лице по што податоците се влечат од соодветните институции од страна на соодветна апликација преку веб сервисите“, посочи Николовски.