Владата на Република Македонија, на денешната седница, донесе одлука и обезбеди финансиски средства за санација на метеоролошките станици во Крива Паланка, Штип и Демир Капија како и поправка на радарскиот систем во Ѓуриште, објави на својот фејсбук профил, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски под чиј ресор е и Управата за хидрометеоролошки работи.