Министерот за земјоделство, шумарство и восостопанство, Љупчо Николовски упати порака по повод 150 години од раѓањето на Гоце Делчев.
Денеска одбележуваме 150 години од раѓањето на еден од највлијателните херои на македонската државност, Гоце Делчев, истакна Николовски.
„Делчев со својата посветена борба и револуционерна активност ги отелотвори идеалите на слободата и социјалната правда, кои денес се длабоко вкоренети во нашата државнотворна традиција.
Неговата визија e мост кој нѐ поврзува со другите народи во заедничките напори за обединета Европа. Во име на разбирањето и соработката меѓу народите, денеска се поклонуваме на великанот Гоце Делчев“, посочи Николовски.