Николовски: Вистинските земјоделци чија основна дејност е токму земјоделството ги издвојуваме

-Вистинските земјоделци чија основна дејност е токму земјоделството ги издвојуваме, креираме нова мерка за бизнис план во земјоделството преку кои тие ќе добијат поддршка во продажбата и преработката на земјоделските производи, порача вечерва министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски во гостување на ТВ Сител.
-Преку отворен јавен повик во текот на целата година им даваме можност на малите земјоделци чија основна дејност е земјоделството да подготват бизнис план и тогаш кога ќе бидат подготвени да аплицираат, добивајќи поддршка за набавка на опрема за преработка и производство на финален производ, појаснува министерот.
Кофинансирањето за оваа мерка е до 50% од вредноста на инвестицијата, однсно максималениот износ е до 600.000 денари по корисник, а можност за зголемување до 10% на стапката за кофинансирање се дава на инвестиции во обновливи извори на енергија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e