Николовски со Велигденска честитка: Да ја славиме победата на животот, победата на вербата и доброто, победата на праведното!

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски упати честитика по повод денешниот празник – Велигден.
-Нека е за многу години големиот христијански празник Воскресение Христово-Велигден. Посакувам возвишеноста на овој ден да донесе благословени празнични денови,среќа и спокој за секој верник, за вас и вашите семејства.
Да ја славиме победата на животот, победата на вербата и доброто, победата на праведното!
Христос Воскресе! Вистина Воскресе! Честит Велигден! – порача Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e