Николовски: Успеавме, Штип останува во сигурни раце со доктор Сашко Николов!

Успеавме! Граѓаните на Штип избраа градоначалник!, истакна генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

„Штип останува во сигурни раце со доктор Сашко Николов!
Денеска во Штип победи демократијата, победи одговорноста на граѓаните кон институциите, кон општината, кон државата. Денеска победи новиот, динамичен, одговорен СДСМ кој носи промени и постојано се менува.
Штипјани, во сигурни раце сте. Со Николов и СДСМ продолжува развојот, модернизацијата на градот Штип. Заедно со штипјани се радуваме на победата на овие избори.
Особено сум горд што бев носител на победничката листа во ИЕ 3, што бев шеф на изборниот штаб!
Продолжуавме со работа, за граѓаните, за Штип, за македонскиот Исток, за сите!“, нагласи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e