Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски упати честитки до граѓаните за усвоените закони со кои конечно, по низа опозициски опструкции, ќе се реализира петтиот пакет економски мерки со кој ќе го засилиме заздравувањето на економијата!
Им честитам на пратениците од парламентарното мнозинство за упорноста и истрајноста да се справат со сите блокади и да најдат начин за усвојување на овие важни закони, истакна Николовски.
„Честитки до Собранието и Претседателот Џафери за спроведувување услови за гласање по сите протоколи, во целосна заштита на здравјето на пратениците.
Неодговорноста на опозициските актери и безобразното блокирање за сметка на економската егзистенција на граѓаните беше надмината од нашата одлучност и обврска да помогнеме на секој наш граѓанин погоден од корона кризата. Ветувањето е исполнето! Граѓаните се на прво место!“, нагласи Николовски.
