Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски упати честитка по повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје.
„Денес оддаваме почит нa хероите кои на 13 ноември 1944 година ги дадоа своите животи за слободно Скопје.
Нивното херојство нè обврзува на почит и верност кон овој град , не заборавајќи притоа колку е скапа слободата.
Нека ни е честит 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје“, истакна Николовски.