Николовски: Учеството на Саемот во Белград, значи обезбедување поголем извоз, откуп, нови пласмани и пазари за македонските храна и вина

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски од денеска присуствува на првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска Визија на Отворен Балкан” во Белград.

22

-Позитивна енергија и одлична пријателска атмосфера на првиот меѓународен Саем за храна вино и туризам “Винска визија” на Отворен Балкан. Чест ми е што заедно со нашите пријатели од Република Србија и Албанија, ќе ги посетиме многубројните штандови, и ќе имаме можност ја дегустираме вкусната македонска, српска, и албанска кујна, порача тој од Белград.

302281100_614029470090893_3238403069836049364_n

33-Нема да го изоставиме и нашето вино со врвен квалитет и автентичен македонски вкус, презентирано од 42 винарии со повеќе од 300 различни видови на вино и ракија. Учеството на Северна Македонија на Саемот, значи обезбедување поголем извоз, откуп, нови пласмани и пазари за македонските храна и вина, порача Николовски.

305041161_614029686757538_6499864336520242360_n

302408402_614034020090438_6060968708666338945_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e