Денеска, по повод Меѓународниот ден за универзален пристап до информации, вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски присуствуваше на конференцијата на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, на која што беа презентирани проекти за транспарентна и одговорна информација.
-Довербата на граѓаните во институциите се гради преку транспарентни процеси, отворени институции и одговорност кон народните пари! Транспарентноста е половина од борбата против корупцијата, a оваа Влада презеде низа мерки и активности за зголемување на транспарентноста и отчетноста. Денес имаме портал на отворени финансии, отчетни јавни набавки, алатка за отчетност за трошоците на институциите итн. – порача Николовски.
Чекориме кон општество без корупција, градејќи транспарентни инситуции во служба на граѓаните, заклучи вицепремиерот.
