Николовски: Субвенциите за оризопроизводителите се зголемени за 300%

-Оризовата арпа со измените во Законот за стокови резерви ја додаваме како стартешка култура. Очекувам едногласна поддршка на пратениците во Собранието за овој Закон. Субвенциите се зголемени за 300 проценти за оризопроизводителите и граѓаните тоа треба да го знаат,  рече министерот за земјоделство Љупчо Николовски во вечерашната Топ Тема на Телма.
-Никогаш досега не биле 30.000 во претходните 11 години или едно друго време. 6000 беа основните или ако се користи сертифицирано семе 12.000. Сега субвенциите од 6.000 се покачени на 18.000, а тие што биле 12.000 сега се 25.000 денари со дополнитлна поддршка за предадена арпа, со зелена нафта и многу други политики за помош, појаснува тој.
Министерот потенцираше дека дополнително е ставен во функција Институтот за ориз.
-Секоја година имаме интервентни мерки, субвенции за набавка на комбајни за ориз како и многу други мерки. Владата е целосно фокусирана на законските инструменти, и на се она што стои на располагање. Јас сум горд што во мојот мандат состојбата на оризопроизводителите е значително подобрена, рече Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e