Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска информираше дека се потпишани договорите со кои се обезбедуваат финансиски средства за 103 сточари со кои тие ќе можат да набават високопедигрирани грла добиток.
-Наша примарна задача е решенија за проблемите на сточарите.
Сточарите ги поддржуваме со вкупна сума од над 253 милиони денари. За оваа мерка аплицирале 104, што значи дека реализацијата на истата е 99%, порача Николовски.