По повод големиот христијански празник Свети Јоаким Осоговски, кој се чествува како закрилник на градот Крива Паланка, денеска во посета на манастирот кој го носи името на светецот беа вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„Денес го славиме Св. Јоаким Осоговски, заштитник и празник на мојот роден град. На овој ден, кривопаланчани ги чекаат на гости своите роднини и пријатели, а јас му посакав добредојде на Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Заедно го одбележавме овој голем ден. Запаливме свеќи во манастирот Св. Јоаким Осоговски и се помоливме за подобро утре“, порача Николовски во честитката до сите православни христијани!
„Ова е голем ден за мојата Крива Паланка! За многу години!“ – рече Николовски.

Министерот Спасовски изрази големо задоволство што е дел од чествувањето на Св. Јоаким Осоговски во Крива Паланка.
„Нека им е честит и за многу години празникот на сите православни христијани и сите граѓани на Крива Паланка, со искрени желби за добро здравје, благосостојба и лична и семејна среќа“ – порача Спасовски.

