Со Божествена литургија во храмот Свети Димитрија во Крива Паланка почна чествувањето на денешниот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.
На литургијата, со граѓаните, присуствуше и генералнито секретар на СДСМ Љупчо Николовски заедно со потпретседателот Оливер Спасовски и членот на ЦО, Трајан Димкоски.
– На сите христијански верници им го честитам овој голем празник, Успение на Пресвета Богородица, празникот на љубовта, радоста и добрината. Овие христијански, човечки вредности нека бидат водилки во животот на секој од нас. – порача Николовски.