Николовски соопшти дел од новите мерки кои ќе бидат дополна на Планот за борба против корупцијата

Заеднички, со сите наши партнери во борбата против корупцијата, независните институции, меѓународната заедница, како и невладиниот сектор, започнуваме со креирање на нови системски мерки како дополна на Планот за борба против корупција, истакна вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

„Дел од новите мерки ќе бидат:
-Потекло на имот
-Електронски систем за прием на пријави од укажувачи
-Аудио и видео надзор за начинот на преземање на службените дејствија од страна на царинските службеници, даночните инспектори и даночните контролори во Царинската управа и Управата за јавни приходи
-План за интегритет на членовите на Владата во соработка со Совет на Европа
-AIR Coop / четири главни царински испостави
Борбата со корупцијата мора да се води системски и во сите сегменти на општеството“, посочи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e