На вчерашната седница на Владата донесовме заклучок со кој ги задолжувам Министерството за финансии, Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за политички систем и односи со заедниците со највисок приоритет, во координација со мојот Кабинет да ги разгледаат и одобрат Годишните планови за вработување за сите инспекциските служби за 2021 година, истакна вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.
„Инспекциските служби се една од клучните алатки во борба за справување со коронавирусот. Со соодветна кадровска екипираност на инспекциските служби, правиме уште еден чекор напред во заложбите за создавање ефикасен контролен механизам.
Заеднички, координирано во изминатиот период спроведовме низа чекори кои ги даваат своите резултати. Продолжуваме активно и ефективно. Заканата од коронавирусот е сеуште присутна. Да бидеме одговорни, трпеливи и дисциплинирани“, посочи Николовски.