Николовски: Сомнежите за корупција или неправилности ќе може да се пријавуваат и анонимно

Владата на денешната седница ја утврди потребата од потпишување договор за воспоставување електронски систем за поднесување електронски поплаки и пријави поврзани со услугите кон јавната администрација.
-Ефикасност, функционалност и исполнителност во служба на граѓаните се нашиот императив кон кој непоколебливо се движиме. Подготовките за воспоставувањето на новиот Електронски систем за поднесување на електронски пријави, претставки и предлози се во тек, порача вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски по владината седница.
Системот ќе овозможи услови граѓаните во секое време да пријават потенцијални сомнежи за непостапување во конкретен орган на државна управа, но и да пријават проблем во постапка за добивање на определена услуга од овие органи.
-Имплементиран како посебен модул во рамки на Националниот портал за електронски услуги, преку системот граѓаните ќе можат да испратат пријава за која било услуга, институција, како најавени корисници, анонимно или со можност за евидентирање на поплаката или пријавата и преку телефон, појасни Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e